Претседателот на СНС и мандатар на новата српската Влада, Милош Вучевиќ по седницата на Претседателството на партијата ги презентираше кадровските решенија на новата Влада на Србија. Така, Ивица Дачиќ пак ќе биде министер на полицијата, Вулин се враќа во Владата, нов шеф на дипломатијата е досегашниот српски амбасадор во САД Марко Ѓуриќ, додека Братислав Гашиќ од МВР се сели во министерството за одбрана.