Скандалозна видео снимка е доставена до ТВ Стар од соблекувалната на младите фудбалски таленти на ФК Малеш од Берово. На неа јасно се гледа како домарот задолжен за хигиената но и безбедноста на личните работи на децата впрочем нив ги ограбува. Родителите сами презеле мерки и инсталирале камери во соблекувалната по што и го откриле предаторот
Подолг период на децата им недоставуваа вредни работи од соблекувалната за што тие реагираа кај своите родители, но и кај надлежните во Клубот за да на крај се испостави дека нашите деца ги ограбува тој што треба да ги чува, стои во дописот на родители на децата до Тв Стар.
За случајот родителите велат дека снимки се доставени до градоначалникот Звонко Пекевски, но тој тврди дека за случајот слуша прв пат и не упати на претседателот на Управниот одбор на ФК Малеш Новица Печински.