HomeМакедонијаФинансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето...

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Published on

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со зголемените цени по основ на премија за вршење на дејноста на осигурување.

На состанокот Комисијата му укажа на Националното биро за осигурување и на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурувањето во текот на денешниот ден да им предложи на друштвата за осигурување до крајот на денешниот ден да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците и да ги вратат на ниво од пред 25 април 2024 година и да ја известат Комисијата во текот на денешниот ден.

Ваквото укажување е со цел обезбедување транспарентност и предвидливост на процесите, имајќи предвид дека компаниите ниту поединечно, ниту преку Националното биро за осигурување го немаат известено регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето ниту Комисијата дека планираат да ги зголемат трошоците по основ на премијата за вршење на дејноста на осигурување, и на тој начин не е обезбеден инклузивен пристап и кооперативност со сите засегнатите страни при донесување на одлуките.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицковски и Орбан договориле специјална  соработка помегу Македнија и Унгарија. СДСМ прашува Која е улогата на Груевски во кредитот

Христијан Мицковски и Виктор Орбан оговориле специјална  соработка помегу Македонија и Унгарија на  повеке...

Министерството за здравство ќе прогласи мораториум за некои специјализации,а најдобрите пет студенти од медицинските факултети ќе бидат вработени веднаш

Мораториум на Докторските специјализации најави денес министерот за здравство Арбен Таравари. Причините за ова се...

ВМРО ДПМНЕ :  Филипче останува во политиката за да се аболира од криминалот

Венко Филипче, новиот претседател на СДСМ и денес беше актуелен за ВМРО ДПМНЕ. Тие...