На свечена церемонија на античкиот стадион „Панатенаик“ во Атина, каде што во 1896 година беа одржани првите модерни Олимписки игри, олимпискиот оган им е предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“. Олимпискиот оган минатиот вторник беше запален во античка Олимпија, помина 11 дена низ цела Грција, денеска го преземат организаторите на Летните олимписки игри, а утре ќе тргне за Франција, за првпат, по морски пат и на 8 мај ќе стигне во Марсеј.