ЈП Исар инсталира засебна водоводна линија со што трајно ќе го реши проблемот со честите дефекти и проблемите со водоснабдувањето во населбата Баби.
Работните активности веќе се во тек поради што утре е можно некои делови од градот да останат без вода стои во денешното соопштение од ЈП Исар.
Поради активности на брана на река Отиња за поставување ,,шахта за воздушен вентил”, на водоводна линија 1 и изведба на нова водоводна линија во населба Баби која е со цел подобрување на водоснабдувањето во оваа населба, денес во периодот од 23:00 часот до раните утрински часови водоснабдувањето ќе биде отежнато (намелен притисок) во населбите Деснаци, Леваци, централно градско подрачје, стои во соопштението од ЈП Исар.