Традиционалните првомајски протести синдикатите во државата ќе ги организираат и на нив ќе учествуваат заеднички.
Од КСОМ велат дека обединувањето е барање од работниците.
Синдикалниот протест оваа година ќе биде под мотото ,,Ние работниците”, а од двете синдикални организацииупатија повик за учество.
Протестот ќе биде организиран на 1 Мај, а ќе започне во 11 часот пред работничкиот дом во Скопје.