Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа препораката на Владата изборниот ден да биде неработен.
Освен препораките од Влада на ваквиот однос влијаеше и заканата од Државниот пазарен инспекторат кој последен пат вчера најавија контроли и жестоки казни за фирмите и одговорните лица доколку некој работи.
Од друга страна, голем број компании се одлучија да работат.
Вчера, апел до компаниите упати Гласен текстилец, барајќи слободен изборен ден за родителите на мали деца. Имаше ли реакции и поплаки денес ?
Од Стопанската комора, вчера се пожалија дека среда како неработен ден за нив ќе значи исто како да не се работи цела недела, бидејќи ќе доцнат со испораките, а ќе се наруши и работниот ритам.
Освен неработењето, како прашање беше поставено и кој него ќе го плати, бидејќи Владата тој проблем воопшто не го спомена, но во заштита застана синдикатот кој по ниту една цена не прифаќа работниците да бидат оштетени.