HomeМакедонијаПретседателски ибори прв круг. За победа требаат  907.159 гласови

Претседателски ибори прв круг. За победа требаат  907.159 гласови

Published on

Во  Македонија  денес се одржува првиот круг од претседателските избори.  Право на глас имаат 1.814.317 а изборот  се седум кандидати од партии и коалции.

Во првиот круг победник може да биде кандидат кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 907.159 гласови. Доколку во првиот круг никој не го добие потребното мнозинство, во вториот круг одат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови во првиот круг.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, во случајов на 8 мај. За претседател ќе биде избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 725.727 гласачи, што е предвидено во Изборниот законик, а за него гласале 362.864 избирачи.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.

Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Северна Македонија.

Досега, претседатели на Република Македонија биле  Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, Ѓорге Иванов и сегашниот кандидат за претседател. Единствен кој успеал да победи во првиот круг  е Киро Глигоров  во 1994 годона со освоени  715. 087 гласови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Трипуновски

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Цветан  Трипуновски на...

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце и измислени  функции   денес зборуваат од СДСМ

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце, сватовската посета  на Африм Гаши на  Косово ...

ВМРО ДПМНЕ ОД ФИЛИПЧЕ И СДСМ ОЧЕКУВА ОДГОВОР ЗА СТАНОВИТЕ

Филипче и СДСМ молчат за становите,а од ВМРО ДПМНЕ бараат одговор бидејќи има разлика...