Денес во регионот гласаат 1129 болни и изнемоштени граѓани и 203 затвореници во штипскиот Затвор. Во текот на денот се дистрибуира гласачкиот материјал до избирачките одбори.
Во штипскиот Затвор гласале:
Изборниот ден за овие лица но и за членовите на Избирачките одбори минал според очекувањата.
На изборите за претседател на државата утре право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи. Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, 95.116 избирачи се на привремена работа или престој во странство, а 2.147 се на издржување казна затвор или се во притвор.
Во Штип право на глас за седмите по ред претседателски избори, имаат 41.489 , што е за 500гласачи помалку од последниот избирачки циклус.