На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од универзитетот во Луцерн Швајцарија споделија совети за успешно започнување на стартап бизнис.
Освен сугестии младите претприемачи добија и бесплатна помош.
Според професорот Цајер, студентите кои лани зеле учество се презадоволни.
Гостин на настанот беше и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.
Ова е втора година по ред како во Штип се организира Неделата на претприемништвото, а учество зедоа повеќе млади и студенти кои имаат идеја за свој стартап бизнис.