Камионите на струмичките земјоделци повторно го узурпираа паркингот пред некогашен Туш. Лани таму се случуваа вистински драми, па дури и масовни тепачки, а мораше да интервенира и полицијата поради безобразен, криминален, насилнички и не хигиенски однос на продавачите кон граѓаните и околуината. Сега сликата се повторува и кој знае што понатаму ќе се случува. Граѓаните бараат итна реакција од полицијата за да не се повтори лани.