За 10 години, двојно е намален бројoт матуранти во Берово и Кратово, но црната тенденција продолжува и понатаму, вели последната статистика.
Бројот на матуранти во нашето училиште годинава е 71, а пред десет години, односно 2013/14 имавме повеќе од двојно, или 149. Во нашето училиште покрај гимназиско имаме и стручно образование: текстилно-кожарска струка, угостителско-туристичка и шумарско-дрвопреработувачка струка, потврдуваат од гимназијата Ацо Русковски.
Поради ова, општината креира стимулативни мерки за средношколците, вели градоначалникот Звонко Пекевески .
Покрај овие мерки на крајот на учебната година се доделуваат награди на најуспешните ученици, и субвенција од 15.000 денари за нјадобриот ученик од средното училиште.
Но, има и уште полошо бидејќи намалувањето бројот на ученици во некои помали општини е со пад и до 300%. Освен Берово, Белата чума има влезено и во Кратово, Македонски Брод , Крушево , Пехчево и други . Во Крушево годинава има 36 матуранти, бројката на средношколци според е 108, што како и во другите помали општини, значи намалување за три пати. Во 2001/2002 имало 368 средношколци.
Освен во помалите, се празнат училиштата иво поголемите градови како последица на намалениот наталитет и иселувањето од Македонија. Дел од училиштата во големите општини како Битола, Куманово, Прилеп, Велес даваат податоци дека се случува ученици да им заминат и сред учебна година, иселувајќи се заедно со семејствата. Сѐ почести се примерите на семејства кои преку лето заминале да работат во Хрватска, а потоа го продолжиле престојот и ги повлекле и децата со себе, па сега се запишани во тамошни училишта.