Издавањето на финансиско смртоносните брзи кредити државата го става под засилен надзор и финансиските друштва ке мораат да ги променат критериумите за нивно издавање. Отсега, тие имаат обврска да воспостават систем за управување со кредитен ризик за идентификување, мерење, контрола и следење на кредитниот ризик.
Ова меѓу другото значи спроведување процедура за процена на кредитната способност на барателот, , како и процедура за идентификација и ажурирање на податоците на клиентите, нешто , што сега е пропишано со Правилник, велат од Министерството за финансии .
Со примена на Правилникот се оневозможува финансиското друштво да одобри кредит на барател кој не е кредитоспособен, односно финансиското друштво пред склчување на договорот за кредит треба да ја процени кредитната способност на барателот на кредит врз основа на информации од страна на барателот и релевантна надворешна база на податоци.
Со други зборови, доколку финансиското друштво утврди дека вкупните месечни обврски на барателот на кредит надминуваат 70% од неговите вкупни месечни приходи, тоа не смее да одобри нов кредит. На овој начин ќе се спречи презадолженоста на граѓаните, сметаат од Финансии.
Ново е и тоа што финансиските друштва нема да можат да одобрат потрошувачки кредит со туга лична карта, што е еден од клучните проблеми во кој се најдоа стотици грагани откако нивните лични документи беа злоупотребени.