HomeМакедонијаНаправи 1.200 видео репортажи. Единствениот човек кој ја познава душата на Македонското...

Направи 1.200 видео репортажи. Единствениот човек кој ја познава душата на Македонското село

Published on

Звучи можеби нестварно и како за Гинисов рекорд, но вистината е таа. Зоран Костески патеписецот  од селото Рилево, прилепско за 30 години направи 1.200 видео репортажи за Македонските села. Притоа, пасионираниот љубител на Македонската традиција влезе во точно 1.675 Македонски домови.

Костески за себе вели дека е човекот што ја познава душата на сите Македонски села.

Селото од Костески не излезе никогаш, иако студираше и заврши новинарство во Скопје, живее во Прилеп и Скопје, но градовите никогаш не го придобија.

Поради ова цели 30 години, 9 години во МРТВ, 9 во А1 телевизија , а потоа и како независен продуцент тој живее и со страст цело време говори за секое Македонско село.

Во меѓувреме Костески напиша три тома книги од 1.500 стараници за да ја овековечи Македонската традиција и село.

Костески располага со илјадници часови видео материјали  кои ја сведочат историјата на нашиот народ, сјајот , но и распадот на нашите села.

Костески и денес не застанува туку чекори напред, брзајќи да ги посети уште оние 784 села што му останале колку што вклупно има во државата.

Тоа е Зоран Костески од Рилево, човекот кој годинава полни 60 години , кој со својата нарација најавтентично зборува за бескрајно долгата традиција, обичаите кои веќе и се заборавени, радоста, загубата, но и последното зрно надеж дека селата пак ќе бидат извор на животот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата поради топлото време денес донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено

Владата на денешната седница поради топлото време денес донесе препораки за ослободување од работа...

Што итно треба да се направи ако телото прегрее на високите температури

Неколку основни правила кои можат да спасат и живот  треба да се знаат кога...

ВМРО ДПМНЕ: Ако Филипче имаше морал тој во политиката немаше да се врати

Венко Филпче, претседателот на СДСМ, е човек без морал бидејки ако го имаше тој...