Масивен дефект на една од главните водоводни линии во Штип во населбата 8 Ноември остави без вода уште неколку други населби. Дефектот, објаснуваат од Исар е поради застареност на водоводниот материјал.
Се прави максимум за санација на проблемот, велат од Исар на едно од местота каде што се работеше.
Директорот Кире Зајков на граганите им се извинува .
Дефектот во 8 Ноември без вода може да ги остави и населбите Ново Село, жителите од Исар, Пребег и Железничка и тоа во период и до 24 часа.