Премиерот Талат Џафери упати честитка, со желби за мир, здравје, благосостојба и хармонија во душата, семејството и државата.
„Ова е е празник кој поттикнува солидарност и духовна сила кај луѓето за меѓусебна почит, за трпение и разбирање, како единствен пат кон посакуваниот мир. Затоа, да правиме добри дела, да бидеме секогаш еден до друг и со подадена рака еден кон друг да напредуваме сите заедно, честиташе Талат Џафери.
Честитки по повод празникот испратија и Ковачевски и Мицкоски.
Во овие празнични денови, ви посакувам искрени желби за радост, спокој, благосостојба и духовна сила. Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит, солидарност и разбирање.Токму врз овие вредности, ние заедно го градиме нашето општество, напиша Ковачевски на својот Фејсбук профил.
Свои честитки упатија и кандидатите за претседател, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Билјана Ванковска, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи и Арбен Таравари.
Рамазан е месец на добрина, милост, љубов и простување. Со најубави и искрени желби ви пожелувам Празникот да го поминете во мир, радост и среќа, опкружени во вашите домови со своите роднини и пријатели.