Денес завршуваат Рамазанските пости, а утре за верниците од испамската вероисповест е Рамазан Бајрам.
Вечер пред големиот празник се организира Бајрамската вечер. Што таа значи ?
Утре наутро претстои утринска молитва пред изгрејсонце, а џамијата вратите ги отвара за сите.
По утринската молитва верниците заминуваат дома каде се подготвува семееј ручек од кој никој не може да биде отсутен.
Наредниот период е предвиден за посета за најблиските кога на постарите им се бакнува рака. Обичај кој во муслиманството е многу важен.
Празникот Рамазан Бајрам се слави во наредните три дена и тој е награда од Алах за постот и верноста кон него.