Најстарата штипска наставничка Блага Григорова , денес полни 88 години. Се Радува на својот роденден, двете осмици една до друга и исполнетиот живот.
Блага Григорова веќе 35 години е пензионер, но секојсневно мисли на својата професија која и го исполни животот.
Освен на себе, најстарата штипска наставничка е горда и на своите ученици. Ја почитуваат на секој чекор.
Големиот респект таа го доживеа последен пат пред неколку дена кога нејзини ученици полуматуранти одбележаа 50 години.
Григорова со гордост споменува некои свои ученици.
Пензионираната наставничка Григорова со оптимизам гледа на животот. Се надева на нови јубилеи, а во меѓувреме се радува и е горда на нејзиниот син и ќерка, три внука и една паравнука.