HomeМакедонијаПет коалициски сојузи ќе настапат  на зборите

Пет коалициски сојузи ќе настапат  на зборите

Published on

На помалку од една недела до официјалниот почеток на изборната кампања дефинирани се пет коалициски сојузи – „Коалиција за европска иднина“ предводена од СДСМ, коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалиција „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, коалиција „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ и коалиција „ВРЕДИ“ на албанската опозиција.

Самостојно на изборите, според досегашните најави, одат ЗНАМ – За наша Македонија и партијата „Левица“.

Следната недела на 4 април започнува изборната кампања за седмите претседателски избори на кои во првиот круг на 24 април ќе се гласа за седум кандидати. Парламентарните избори, пак, се закажани на 8 мај, а до 2 април учесниците на изборите треба да ги достават до ДИК листите со кандидати за пратеници.

Досегашните анкети изборната победа ја насочуваат кон ВМРО ДПМНЕ и неговите  коалициски партнери кои се  24 на број и е досега најголемата коалција која настапила на избори.  ВМРО ДПМНЕ претендира  на сопствено  мнозинство во парламентот  повукувајки се на двотретинка поддршка од граганите.

Од СДСМ повторно влат дека анкетоте се нарачка и дека не сега, туку  8 мај е денот кога  ке се знаат реалните изборни резултати. За нив очекуван број на пратеници се 40  што с ДУИ би им овозможил повторна коалиција и власт.

Левица и ЗНАМ  немаат јавни очкувања но аналитичарите  заедно им предвидуваат помегу 10 и 12 пратеници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Трипуновски

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Цветан  Трипуновски на...

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце и измислени  функции   денес зборуваат од СДСМ

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце, сватовската посета  на Африм Гаши на  Косово ...

ВМРО ДПМНЕ ОД ФИЛИПЧЕ И СДСМ ОЧЕКУВА ОДГОВОР ЗА СТАНОВИТЕ

Филипче и СДСМ молчат за становите,а од ВМРО ДПМНЕ бараат одговор бидејќи има разлика...