Жителите од Виничкото село Црн Камен ќе ги бојкотираат и претседателските и парламентарните избори, изјави за ТВ Стар Александар Костадиновски, жител на селото.
Причина за ова е што во селото нема ниту педа асфалт, а 30 години сите по ред ги лажеле дека кал повеќе нема да газат.
Најкритична таму е главната улица на која живеат и лица со тежок инвалидитет и во невреме имаат голем проблем.
Градоначалникот на Виница Миле Петков кој последен вети дека оваа улица ќе ја асфалтира денес изјави.
За Црн Камен веќе е изготвен проект за кој имаме и одобрение. Истиот е влезен во тендерот кој треба да започне за неколку дена. Тоа би значило дека за неколку месеци жителите од Црн Камен ќе добијат асфалт, но секако ние ќе разговараме со нив и ќе им го пренесеме ова, истакна градоначалникот Петков.
Освен Црн Камен на сериозни комунални проблеми се жалат и жители од други винички села кои од секоја власт очекуваат решавање на нивните проблеми.