HomeМакедонијаКои се коалицииите што ќе ја водат војната за власт на изборите?

Кои се коалицииите што ќе ја водат војната за власт на изборите?

Published on

ВМРО ДПНМЕ, СДСМ,  ДУИ и останатите се во силна потрага по сојузници  за претстојните  претседателски и парламентарни  избори. Прегрупирањето е речиси завршено и тоа до денес изгледа вака.

СДСМ со себе ги има  НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, ВМРО НП, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Десница, Партија за демократски просперитет на Ромите и СДА.  Сите тие заедно  ќе бидат дел од „Коалицијата за европска иднина“.

На неа, која иако сеуште не е кончена , директен конкурент им е коалицијата  на ВМРО ДПМНЕ  која досега изгледа вака.

Социјалистичка партија, Партијата на  Србите со Иван Стоиљковик , Павле Трајанов со  Демократски сојуз ,  Достоинство  на Стојанче Ангелов кој од СДСМ се префрли во таборот на ВМРО-ДПМНЕ а таму уште се  и  ТМРО на Шехтански и Петар Богојевски со Македонски концепт.

Третиот македонски политички блок ги интегрира  следните партии. ГРОМ на Стевчо Јакимовски, Интегра на Љупчо Ристовски и ПЦЕР на Самка Имбраимовски.

Од албанскиот блок,  ДУИ го најавува т.н. Европски фронт во кои влегуваат

ДПА со Мендух Тачи, партиите  на  Скендер Реџепи, Аријанит Хоџа и Курто Дудуш  а  најверојатно овде ќе  се приклучи и  Зијадин Села.Албанската опозиција на овие избори ќе ја сочинуваат  Алтернатива, БЕСА и движењето на Изет Меџити, а засилување добија и од поголемиот дел од Алијанса за Албанците која застана зад Таравари.

Самостојни настапи на изборите  ќе  имаат ЗНАМ на Максим Димитриевски и Левица на Димитар Апасиев.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Трипуновски

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Цветан  Трипуновски на...

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце и измислени  функции   денес зборуваат од СДСМ

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце, сватовската посета  на Африм Гаши на  Косово ...

ВМРО ДПМНЕ ОД ФИЛИПЧЕ И СДСМ ОЧЕКУВА ОДГОВОР ЗА СТАНОВИТЕ

Филипче и СДСМ молчат за становите,а од ВМРО ДПМНЕ бараат одговор бидејќи има разлика...