Лозарите се контра штотуку донесениот Закон за вино од страна на Собранието, каде се предвидува гарантирана производната цена на винско грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година.
Лозарите бараат цената на грозјето да ја одредува високо образовна институција во јануари од тековната година.
Доколку оваа состојба не се промени, тогаш ќе се повтори ланската загуба, тврдат лозарите.
Од производството на вино егзистираат 16.500 семејства, од кои повеќе од половината гравиотираат во тиквешијата. Од Здружението најавија свои предлози за измена на штотутку донесениот Закон кои во наредниот период ќе ги достават до ресорното министерство