HomeМакедонијаХрватска ги покачува платите на македонските сезонци. Патот за излез е се...

Хрватска ги покачува платите на македонските сезонци. Патот за излез е се поширок

Published on

Хрватска ги покачува платите на македонските сезонци и  со тоа патот за излез  им го прави се поширок. Во последните години, бројот на издадени дозволи за работа во Хрватска за граѓаните од Македонија значително се зголеми и  достигна 10.053 во 2022 година.

Сезонската работа во Хрватска привлекува со понуди за плати кои значително ги надминуваат локалните стандарди, а годинава ново е тоа што сезонците решија цврсто да стојат на ставот дека нема да работат за плата пониска од 1.300 евра месечно.

Македонските посреднички фирми се вмрежени со партнерски организации во Хрватска, кои ги испорачуваат потребите на локалните заедници за конкретни профили на работници.

Во Хрватска на сезонска работа одам веке четврта година како  келнер и платата секоја година ми расне. Задоволен сум од  газдите  бидејки моите примања со бакшиш стигнуваат и до 2 000 евра а  плус имам сместување и еден оброк. Факт, работам по 12 часа дневно, вели за ТВ Стар млад штипјанец.

Стенд ап Со оглед на овие трендови, може да се очекува дека интересот за сезонска работа во Хрватска ќе продолжи да расте што значи пробкемот на нашите угостители ке расне.

Платите во Хрватска во моментов се следните.

•        Келнери 1.400 евра

•        Готвачи 1.500 евра

•        Собари и собарки   1.300 евра

•        Рецепционерите минимум 1.350 евра

           Колку би заработиле кај нас ?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата тактизира, синдикатот упорен. Седница на Економско социјалниот совет за зголемување на минималецот сеуште нема.

Седница на Економско социјалниот совет за зголемување на минималецот сеуште нема, иако некои изјави...

ЦЈЗ Штип: Набавени дополнителни 600 дози на вакцини против сезонскиот грип.

Штипскиот Центар за јавно здравје набави дополнителни 600 дози вакцини против сезонскиот грип. Постојните...

Индиски и непалски ориз “глумат” кочански на пазарот.Трговците го препакуваат и го злоупотребуваат домашниот бренд.

Индиски и непалски ориз се продава на пазарот како кочански се слушна на вчерашната...