Иронична е денешната посета на техничкиот министер за труд и социјална политика од редовите на ДПМНЕ, Ѓоко Велковски, регаираа денес од СДСМ.Можеби посетата од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Велковски на пензионерите во Штип е за да ги потсетат пензионерите дека во нивно време просечната пензија изнесуваше 13.000 денари, а денес за време на СДСМ просечната пензија изнесува приближно 20.000 денари.
Дали Ѓоко Велковски ја искористи оваа посета да ги потсети нашите сограѓани пензионери дека во тек е исплатата на финансиската поддршка обезбедена од Владата на СДСМ за оние со пониски пензии ?, стои во писмената реакција на СДСМ Штип.