Промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања. Скопјани, но и граѓаните во над 40 општини ширум државата под капата на ДПМНЕ тоа најдобро го знаат, рекоа на прес од СДСМ.
Од една страна Стево Пендаровски рече дека бил консултант не негов туку на СДСМ, а од друга страна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека немаат таков консултант, но направи грешка кога кажа дека две други девојки работеле за него во кампањата кои што ние имаме сознанија дека се сместени во канцеларија која што се наоѓа во хотел на кејот на Вардар, во деловниот простор и се токму тие локалната поддршка на Асаф Еисин, истакнаа на прес од ВМРО – ДПМНЕ.