Јавни веќе стануваат кандидатите за пратеници од партиите. СДСМ тоа го направи на конгрес во саботата а меѓу другите, ја објави и листата од ИЕ 3 која се протега од Штип па се до Крива Паланка и Петровец. За овде, СДСМ ги предлага следните кандидати.
Сања Лукаревска, Лупчо Николовски, Горан Мисовски, Благој Бочварски, Љупчо Балкоски, Душанка Георгиева Трпевска, Зоран Арсовски, Партија на пензионери, Сандра Пијалковска, Марија Манасиева, Драган Маневски и др.
За истата изборна единица, ВМРО ДПМНЕ ќе одлучува на конгрес во недела на 31 март, но од она што може да се извлече од партиски извори станува збор за следните кадидати , со напомена, дека редоследот не е дефинитивен исто како и листата .
Сигурен носител во оваа ИЕ е Драган Ковачки, зад него ќе биде Рашела Мизрахи, до неа Никола Мицевски а уште на листата ќе се најдат и Даниела Христова, Благица Ласовска, Миле Лефков , Игор Здравковски, Емил Спасовски , Марија Петрушева , Душко Иванов и уште 10 други за кои сеуште се размислува.
Во меѓувреме ЗНАМ за носител го објави генерал мајорот во пензија Павле Арсовски, а веројатно од Левица тоа ќе биде Борислав Крмов.
Ова од прилика би била реланата понуда на партиите до гласачите од ИЕ 3 која во парламентот треба да однесе 20 пратеници. Сите досегашни анкети го фаворизираат ВМРО ДПМНЕ а кои пак од СДСМ велат дела се нарачани и нереални.