Голема педагошко образовна мисија веќе две години во Букурешт врши 30 годишната штипјанка Моника Михајлова. Моника е извонредно надарена личност, располага со неверојатен ентузијазам, желба за успех и ретка харизма. Сето ова таа одлучи да им го подари на децата со посебни потреби
Моника е специјалист по психо педагогија и магистер логопед. Зошто во животот избра да се занимава со оваа исклучително тешка професија ?
Штипјанката Моника во Букурешт гради авторитет на голем професионалец, а нејзиното училиште гради репутација со големи чекори.
Моника успева да го најде патот до срцата на овие деца и тие кај неа доаѓаат и заминуваат среќни.
Но, Моника Михајлова во Букурешт е главен актер и на една друга мисија, таа врши настава на македонски јазик по најсовремени методи.
Интересно, освен деца од мешани, румунско – македоснки бракови овде доаѓаат и чистокрвни деца Румунци.
Во Букурешт пред 24 години е формирано и Здружението на Македонци од Романија кои отворањето на училиштето на Марија Сакам да пејам е од голема важност.
Колку сите овие активности на Моника и оставаат простор и време за нејзиниот приватен живот во кој е мажена, а за кој исто така треба енергија.
Во Букурешт има околу 500 Македонци, а Моника Михајлова ја знаат сите, а нејзиниот авторитет е голем. Им помага на сите, бидејќи паралелно е и преведувач од Македонски на Румунски и обратно.
Наоѓа време за се и задоволна ја креира својата иднина.