HomeМакедонијаМинистерот Панче Тошковски тужеше и ја доби Владата на суд

Министерот Панче Тошковски тужеше и ја доби Владата на суд

Published on

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски јa тужеше и на суд ја доби Владата, објави тој на својот Фејсбук. Станува збор за две решенија за формирање на комисии за распоредување и една телеграма за спроведување на интерен оглас за пополнување на слободни работни места во МВР кои беа  поништени од страна на Владата.

Управниот суд оцени дека тужениот орган при донесување на оспорените одлуки сторил повреда на правилата на постапката, предвидени со член 48 од Законот за Влада, од причина што во ситуација на несогласување помеѓу министерот и дополнителниот заменик во Министерството за внатрешни работи Владата се впуштила во оценување на законитоста што е надлежност на ДИК напиша Тошковски.

Според Уставниот суд,  Државната изборна комисија  е единствено надлежен орган да утврди дали актот спаѓа во групата на акти кои се одобруваат од дополнителниот заменик во МВР.

„Со вака донесените пресуди Управниот суд потврдува дека предметните акти донесени од моја страна се во согласност со Законот за Влада и другите закони и подзаконски акти кои ја регулираат оваа материја, а во исто време Владата постапила спротивно на законот односно погрешно го применила материјалното право, вели Тошковски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Трипуновски

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Цветан  Трипуновски на...

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце и измислени  функции   денес зборуваат од СДСМ

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце, сватовската посета  на Африм Гаши на  Косово ...

ВМРО ДПМНЕ ОД ФИЛИПЧЕ И СДСМ ОЧЕКУВА ОДГОВОР ЗА СТАНОВИТЕ

Филипче и СДСМ молчат за становите,а од ВМРО ДПМНЕ бараат одговор бидејќи има разлика...