HomeМакедонијаКривична пријава за бившиот градоначалник на Свети Николе

Кривична пријава за бившиот градоначалник на Свети Николе

Published on

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.В.(53) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, во 2021 година, во својство на градоначалник на општина Свети Николе, за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во населено место Рудина, спротивно на законските одредби и со пречекорување на своите овластувања, спровел јавна набавка и склучил договор со приватна фирма во вредност од 1.649.400 денари, а во текот на градбата бил склучен и анекс договор во вредност од 329.806 денари за непредвидени и дополнителни работи, информираат од секторот за внатрешни работи

Во исто време, во 2021 година, повторно спровел јавна набавка за тампонирање и чистење на улиците во Свети Николе со градежна механизација во вредност од 2.500.000 денари со друго правно лице, кое по негово одобрение, спротивно на одредбите од договорот го ископало ровот за фекалната канализација. По преземените мерки било утврдено дека за проектирана вредност на фекалната канализација од 1.996.082 денари, биле платени вкупно 4.761.957 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...