Штипскиот градоначалник Иван Јорданов најави изградба на нов и најголем парк во Штип и нови инвестиции во зелени површини.
Во меѓувреме денес ЈП Исар во соработка со општина Штип и општествено одговорни компании посадија повеќе од 30 дрвца во паркот од населбата 8 Ноември.
Секое дрвце ќе биде и соодветно обележано, најави директорот Зајков.
Градоначалникот Јорданов ја поздарви акцијата и најави нови содржини за овој парк.