Утре Штип традиционално ќе го одбележува големиот верски, културен и традиционален обичај Четрсе. На Исарот се очекуваат илјадници, претежно млади кои ја почитуваат и оддржуваат долгата традиција.
Традицијата е вековна, појаснува професорот Зоранчо Малинов.
Освен традиција Четрсе опфаќа и длабоко верски момент.
Овој ден е посветен на сите кои стапиле во брак во периодот од 21 март минатата, па се до оваа година, па меѓу другото се нарекупа и Младенци.
Четрсе е длабоко во традицијата, поради што е внесен како нематеријално културно наследство на УНЕСКО.
Во контекст на овој празник екипи на ЈП Исар работеа на чистење и оспособување на патеките кои водат до тврдините на ИСар.