HomeМакедонијаСиндикалната кошничка за март е речиси 1.000 евра. Потребни се итни мерки,...

Синдикалната кошничка за март е речиси 1.000 евра. Потребни се итни мерки, потенцираат од ССМ

Published on

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2024 година изнесува речиси 1.000 евра, односно 58 998,00 денари, што е најмногу досега.

Најголемо зголемување има во делот кај храната и пијалоците за 1.462 денари и тие за месец март изнесуваат 22.681 денари.

Од податоците на ССМ, од декември 2023 година до март 2024 година трошоците само за храна и пијалоци се зголемени за 1.951 денари односно за 9,41 отсто.

Растот на цените придонесува да се изгуби куповната моќ на рабтниците и граѓаните, велат од ССМ.

Месецов, кошничката е поскапа за 1.522 денари во споредба со минатиот месец.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...