HomeМакедонијаАнкета на ИПИС. Силјановска има 10% предност пред Пендаровски.

Анкета на ИПИС. Силјановска има 10% предност пред Пендаровски.

Published on

Гордана Силјановска Дафкова,   кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата  има 10% предност  пред  кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски. Разликата за еден месец се зголемила  за 1,45%   и од 8,75% во февруари, сега изнесува 10,20%, покажува анкетата спроведена од ИПИС во март на ниво на државата, објавена во синоќешната емисија Објектив на МРТ.

На прашањето „за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“ 24,6% од анкетираните одговориле дека ќе гласаат за професорката Гордана Силјаноска Давкова, а 14,4% се изјасниле за актуелниот претседател Стево  Пендаровски. По нив следат Бујар Османи со 7,0% поддршка, Таравари со 5,7%, Билјана Ванковска со 3,5% итн.

Споредено со февруари има зголемување на потенцијалните гласачи и кај Силјановска и кај Пендаровски, но сепак растот е поголем кај кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Во февруари за Силјановска се изјасниле 20,2%, што значи дека за еден месец нејзината поддршка пораснала за 4,4%, а Пендаровски во февруари имал 11,5% поддршка, и таа во март се зголемила за 2,9%.

Истaта анкета разлика  во корист на ВМРО ДПМНЕ покажува и запратеничките мандати а најголема предност  таа предвидува во изборната единица 3. Овде, според  ИПИС, ВМРО ДПМНЕ треба да очекува 12, СДСМ 6 а Левица и ЗНАМ по 1 пратеник.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...