HomeМакедонијаКолку чини постењето? Зелечнчукот, јаткастите производи и рибата се огин скапи

Колку чини постењето? Зелечнчукот, јаткастите производи и рибата се огин скапи

Published on

Од утре за православните христијани започнуваат големите велигденски пости, што значи дека од 18 март до 5 мај, се јаде риба, печурки, маслинки, мешунки и јаткасти плодови, а и многу повеќе зеленчук и овошје. Засега нема некои поголеми поместувања кај цените на овие производи, кои ионака се скапи.

Од денес почнатите велигденски пости за оние кои постат ќе чинат најмногу досега. Цените на зеленчикот и овошјето во овој период се највисоки, се согласуваат трговците потсетувајќи на нив.

Важен дел од посната исхрана се и јаткастите производи кои во маркетите и други места се продаваат по следните цени.

Бадемите можат да се купат за 800 денари за килограм, фстак и индиски ореви 900 денари, лешници 800 и леблебија 350 денари за килограм

Во делот на постењето, иако само во посебни денови, се и свежа, замрзната и риба сардина а цените ни случајно не се како некогаш. Ослич од 195 до 249, скуша 195, пастрмка 389 , лосос котлети 1019, панга 269 и т.н.

Традиционалналните сорти македонски грав се продаваат од 160 па до 250 денари а тој е еден од незаменливите продукти.

Колку според овие цени ќе чини еден ден постење е релативно и индивидуално бидејќи изборот на храната во постот е релативно широк, но во зависност од можностите, начинот кој се избере и се разбира, строгото придржување кон верските правила. Во секој случај, еден ден никако не може да помине без 300-400 денари, тврдат оние кои постот веке го започнаа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...