Железна цевка потпрена на кабел кај малиот подвозник на улицата Партизанска, е вистинска опасност по безбедноста на случајните минувачи,но и за учесниците во сообраќајот, алармираат наши гледачи. Според испратените фотографии, јасно се гледа како тежината на цевката се повеќе го надвиснува кабелот кон земјата,а со тоа и можноста од несакани последици. Граѓаните бараат брзо одстранување на железната цевка, а со тоа, и одстранување на опасноста.