HomeМакедонијаЌе се злоупотребат ли државни проекти и ресурси за лична и партиска...

Ќе се злоупотребат ли државни проекти и ресурси за лична и партиска промоција на изборите и кои се последиците за злоупотребите ?

Published on

Медиумските настапи на избраните и именуваните функционери, директорите на јавните претпријатија и сите останати зад кои стојат Буџетски пари се лимитираат согласно изборниот законик. Ова се однесува на 20 дена пред отпочнувањето на Изборната кампања, се до крајот на изборите.

Не може да се одржуваат јавни настани по повод започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти изградени со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал, стои во Изборниот законик.

Под забрана за одржување на јавни настани не се подразбира давање на јавна изјава на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција на митинг, интервју на медиум, дебата на медиум или одговор на новинарско прашање. Кои се последиците за нив во вакви случаи ?

Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на член на Владата и заменик-министер ако постапи спротивно на членот 8-а од овој законик. Глоба во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на лицето кое учествува во изборната кампања со својата службена униформа,стои во Изборниот законик.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...