HomeМакедонијаПетровска: Нема корупциски скандал во набавката на нови хеликоптери за АРМ

Петровска: Нема корупциски скандал во набавката на нови хеликоптери за АРМ

Published on

Нема корупциски скандал во набавката на воени хеликоптери децидна е денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, откако опозицијата во неколку наврати обвини дека зделката е матна.

МО изрази подготвеност за реализација на идејата за прием и лекување на украински војници во Македонија.

Предлогот за лекувањето на војниците произлезе од разговорот при  последната средба на македонскиот шеф на државата Пендаровски со неговиот украински колега Зеленски.

На темата Украина и воениот конфликт во неа, вчера во јавноста допреа информации пласирани од руското министерство за одбрана,според кое 90 македонски државјани учествувале,а 30 од нив ги загубиле животите на воените полиња.

Учеството во паравоени формации според македонските закони е казниво а, многумина, кои од воените полиња, ширум светот се вратија во државата, беа соочени со затворски казни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...