HomeМакедонијаТројца виничани завршија се во притвор. Со дрва и цевки безмилосно претепале...

Тројца виничани завршија се во притвор. Со дрва и цевки безмилосно претепале две жени

Published on

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и притоа им нанеле телесни повреди.

Додека оштетените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив, држејќи во рацете тврди предмети – дрва и цевки. Жените се скриле во помошен објект, но осомничените ги извлекле и започнале да ги удираат, нанесувајќи им телесни повреди, а предизвикале чувство на страв и кај уште една жена – сведок на настанот. На овој начин осомничените сториле кривично дело насилство“, соопштија од Јавното обвинителство.

Според првичните сознанија, причина за насилството биле подолготрајни нарушени односи меѓу две семејства во селото, а при лишување од слобода осомничените продолжиле да се закануваат дека ќе извршат убиство. На тројцата осомничени им е одредена мерка притвор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Трипуновски

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Цветан  Трипуновски на...

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце и измислени  функции   денес зборуваат од СДСМ

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце, сватовската посета  на Африм Гаши на  Косово ...

ВМРО ДПМНЕ ОД ФИЛИПЧЕ И СДСМ ОЧЕКУВА ОДГОВОР ЗА СТАНОВИТЕ

Филипче и СДСМ молчат за становите,а од ВМРО ДПМНЕ бараат одговор бидејќи има разлика...