HomeМакедонијаТелекабел Штип се шири. Го купи и Охридски Инфел

Телекабел Штип се шири. Го купи и Охридски Инфел

Published on

Мокниот оператор Телекабел од Штип се шири и од вчера официјано е сопственик и  на охридскиот кабелски оператор „Инфел“, кој по 25 години го смени својот сопственик.

Најновата зделка на успешната компанија   обајвена и на Фејсбук  страницата а  мегу другото  таму стои.  

„Би сакале да ве информираме дека од денес и официјално Телекабел стана сопственик на кабелскиот оператор Инфел од Охрид. Инфел е меѓу првите кабелски оператори во државата и во изминатите 25 години успешно се развиваше на територијата на Охрид и околните населби.

Среќни сме што со оваа купопродажба Телекабел ќе добие нови корисници, ќе ги задржи сите вработени на Инфел и заедно со нив во иднина ќе работиме на подобрување на услугите и побрзо поставување на оптички кабел до секој корисник, стпи во објавата.

Пред 3 години Телекабел ги купи кабелските мрежи во Пробиштип и Злетово, а од тогаш до сега направена е модернизација на мрежата, поставен е оптички кабел и приклучени се многу нови корисници.

Целта на Телекабел е побрза замена на коаксијалната мрежа со оптичка во сите градови каде што Телекабел работи, со што имаме намера за кратко време да станеме првиот оператор кој ќе работи комплетно со сопствена оптичка мрежа до краен корисник,  појаснуваат од Телекабел.

Телекабел е единствената компанија која 27 години работи без обврзувачки договор а политиката  на компанијата   е дека секој корисник треба да има избор, а операторот е должен со квалитетна услуга да го задржи – без пенали, уцени и обврзувачки  потемцираат од  „Телекабел“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апсурд, незадоволство и петиција. Еден жител ја кочи реконструкцијатав на патот Делчево – Габрово

Само еден жител од делчевското село Габрово ја кочи реконструкцијата на регионалниот пат Делчево-Габрово. Незадоволни,...

Меѓународен ден на Децата на улица. Зошто на улиците се само деца Роми ?

Скоро сите деца на улица се од Роми, потенцира Васка Бајрамовска-Мустафа, советничка на омбудсманот...

Рачно изработен кујнски прибор од дрва. Љубов на дедо Санде од Врсаково

76 годишниот дедо Санде од Врсаково веќе половина век изработува кујнски прибор од дрва,...