HomeМакедонијаКоја е фер цена на векна леб ?

Која е фер цена на векна леб ?

Published on

Лебот е основниот артикл и секое негово покачување жестоко ги боли граѓаните. Образложение за покачувањето од трговците секогаш има, но ниту еднаш граѓаните не се согласиле со нив. Зошто ?

Ова е ставот на граѓаните кои за преработувачите и трговците никогаш немаат добро мислење кога во прашање се цените.

Сепак, свој аргументи за цената на најосновниот артикл имаат и пекарите. Еве детално зошто цената е таква каква што е.

Ова образложение сепак не ги задоволува граѓаните, бидејќи тие имаат контра прашање. Ако условите и цените за производство за сите се исти тогаш зошто толку варираат цените на пазарот ?

Споредено со 2020 година цената на лебот е повисока за 67%, што укажува дека таа пораснала многу повеќе отколку платите.

Владата во повеќе обиди преку контролирани цени токму на овој производ се обиде нечесните намери на трговците да ги суспендира и во тоа воглавно им успеваше, поради што тие протестираа, а некој се заканија дури и со тужби поради штетите кои ги трпат од владините мерки.

Цената на лебот како пример е аналогна и на другите производи кои од сега па натаму треба да бидат регулирани преку Законот за не фер трговски практики, за кои вицепремиерот Фатмир Битиќи изјави дека е феноменален.

Дали тоа значи и дека ќе имаме феноменални цени повторно е неизвесно.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...