Клонот Развигорче од детската градинка Вера Циривири Трена во Штип доби фотоволтаични централи на кој им претходеше целосна промена на кровот, поради лошата состојба во која беше тој, изјави денес градоначалникот на Штип Иван Јорданов.
Директортката на градинката Ивана Ангеличкова потенцираше дека фотоволтаичните централи и новиот кров придонесуваат многу за условите во кои се сместуваат децата, но и за финансиската состојба на градинката.
Вкупната вредност на проектот е 12 милиони денари, пари кои се обезбедени од општина Штип и Словенската амбасада.
Вкупно, во клонот Развигорче се сместени околу 200 дечиња, со можност оваа бројка да се зголеми, додека сите клонови на градинката заедно згрижуваат 680 деца.