HomeМакедонијаДоколку има војна повеќе од половина не би се бореле за Македонија

Доколку има војна повеќе од половина не би се бореле за Македонија

Published on

Ако има војна во која е вклучена и вашата држава, дали би се бореле за својата земја?

На ова прашање „Да“ одговориле 34% од анкетираните во Северна Македонија, додека пак „не“ одговориле дури 51%.

15% од анкетираните биле – не знам/не дале одговор.

Ова го покажува новото истражување на Светската асоцијација „Галуп интернешнл“ спроведено во 45 земји во светот, репрезентативно за повеќе од половина од светската популација. Интервјуирани биле вкупно 46.138 лица, телефонски, онлајн или лице в лице, во периодот од октомври до декември 2023 година. Во РСМ лице в лице биле интервјуирани 1.202 полнолетни граѓани, во периодот од први до 21-ви декември 2023 година.

Дали Северна Македонија отскокнува од ставовите по ова прашање во споредба со земјите од ЕУ? Одговорот е – не. Ако се гледа процентот во ЕУ според вкупните резултати, оние кои би се бореле за земјата се 32%, оние кои не би се бореле е 47%, а 21% немаат одговор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...