Од денес во општина Карбинци во функција е ставена Агрометеоролошка станица која детално на земјоделците ќе им дава информации за временските параметри, но и ризиците од болести на нивните култури.
За земјоделците овие податоци се неодминливи и се услов за модерно земјоделско производство, кое веќе неможе да биде оставено во неизвесност.
Податоците земјоделците ќе ги добиваат едноставно и секој до нив може да стигне 24 часа на ден.
Нашиот соговорник Александар Митев , одгледува луцерка и пченка и признава дека досега се водел по инстинкт и информациите за генералните временски проценки. Сега е со намера информациите од станицата строго да ги почитува.
Освен во Карбинци ваков тип на станици се поставени уште на 4 локации во Источниот регион и тоа во Виница, Кочани, Зрновци и Облешево .