Оризопроизводителите нема да чекаат да се донесе законот за не фер трговски практики, бидејќи до тогаш за нив ќе биде предоцна. Фер цени од откупувачите тие бараат веднаш, бидејќи досега тие во сите случаи биле губитници.
Освен со трговците, земјоделците имаат нерасчистени сметки и со државата, бидејќи субвенциите им доцнат, водоснабдувањето не им е редовно, а имаат проблем и со продолжување на договорите за користење државно земјиште.
Сето ова нив ги принудува да планираат нови протрести.
Сепак, од сите овие најголем проблем за нив е откупната цена која тие неможат никако да ја профатат со оглед на малопродажната која во маркетите е повеќе од три пати повисока. Дали ова нив ги предомислува во очи на новата сеидбена сезона ?