HomeМакедонијаХакиран ми е телефонот, се огласи голиот професор од училиштето во Лозово....

Хакиран ми е телефонот, се огласи голиот професор од училиштето во Лозово. Не сакаме да го видиме ниту во училиштето, ниту во Лозово, категорични се родителите

Published on

Профилот и телефонот ми се хакирани, а моите слики во јавноста се појавија без моја согласност и било каква лоша намера, изјави професорот по Физичко воспитување Сашко Димов, вработен во ООУ Методија Митевски Брицо во Лозово.

Од друга страна, родителите на деца во ова училиште се крајно вознемирени, револтирани, а некој и на работ од воздржаност плашејќи се за менталниот и физичкиот интегритет на децата во училиштето.

По ова, велат тие за ТВ Стар, тој не смее да стапне ниту во училиштето, ниту во Лозово.

Овој пропфесор не смее повеќе да се појави не само во училиштето туку и во Лозово. Не го сакаме по ниту една цена, бидејќи крајно сме загрижени и револтирани. Зар има доблест да се појави повторно, велат родители.

Идентично размислуваат и реагираат и родители кои се во странство, а кои вчерашниот настан им донесе немир на илјадници километри далеку од нивните деца и семејства.

Го повикуваме градоначалникот, директорот и наставничкиот совет да ги превземат сите мерки и ова лице итно да биде отстрането од училиштето. Ние веќе се организираме и во понеделник ќе бидеме во училиштето, потенцираат други родители.

Разрешница за случајот за во понеделник најавува и градоначалникот Бошко Цветковски кој во изјава за ТВ Стар рече дека ќе се превземат сите мерки во интерес на децата, авторитетот на училиштето и општината.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...