HomeМакедонијаАнкета на Центарот за полчитички истражувања. ВМРО ДПМНЕ и Гордана Силјановска во...

Анкета на Центарот за полчитички истражувања. ВМРО ДПМНЕ и Гордана Силјановска во предност пред СДСМ и Стево Пендаровски

Published on

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги „Глас на вистината“, спроведе анкета за тоа како би гласале граѓаните на претстојите претседателски и парламентарни избори.

На прашањето за која партија би гласале на парламентарните избори 20% од испитаниците одговориле дека би гласале за ВМРО ДПМНЕ, за СДСМ својот глас би го дале 12,2% од испитаниците, за ДУИ заедно со европскиот фронт кој го сочинуваат ДПА, како и партиите на Аријанит Хоџа и Скендер Реџепи како и крилото на Алијанасата за Албанците кое го поддржува Зијадин Села би гласале 5,9 % од испитаниците, за коалицијата „Вреди“ својот глас би го дале 6,9% од анкетираните, за Левица 2,8, додека за ЗНАМ на Максим Димитриевски својот глас би го дале 2,7 % од анкетираните.

На прашањето со одговорот Не знам го дале 30,9% од анкетираните, а 18,6 % одговориле дека нема за никого да гласаат-стои во истражувањето.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 4 до 7 март 2024 година, со 1085 испитаници избрани според случаен метод.

Истражувањето е спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба. Маргината на грешка +-3,0%, велат од Центарот за политичко истражување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски пред парламентот наидовме на опљачкана држава и кримал на секаде

Наследивме опљачкана држава и кримаинал на секаде околу нас но за 30 дена од...

Угледниот професор Бранимир Јовановиќ алармира : за камати годишно плакаме повеке отколку за пензии и социјална помош

Постојат два загрижувачки индикатори поврзани со ребалансот на Буџетот за 2024 година што новата...

СДСМ повторно  поставува прашања за имотот на Јанушев и Тошковски

СДСМ  денес повторно поставува прашања за имото на Игор Јнаушев и Панче Тошковски. Првиот...