HomeМакедонијаСе очекува да падне цената на 2.600 производи

Се очекува да падне цената на 2.600 производи

Published on

Министерството за економија го состави списокот на земјоделски и прехранбени продукти, чии цени се очекува да паднат со донесување на Законот за нефер трговски практики.

На листата се вклучени 2.600 производи за кои е планирано да се продаваат со ограничени маржи до 10 отсто.

Маржа до 10 отсто ќе имаат сите видови млеко и млечни производи, вклучувајќи ги сирењето, кашкавалите, моцарелата, горгонзолата, путерот и јајцата. Исто така, меѓу овие продукти, замрзната маржа до 10 отсто ќе важи и за доматите, краставиците, компирот, грашокот, бананите, мандарините, блитвата, бадемите, фстаците, урмите и кајсиите.

Освен овие, на листата се наоѓаат и млекото за бебиња, како и сите пијалаци за бебиња и мали деца.

Трговците нема да имаат дозвола да ставаат повисоки маржи од утврдените на скоро сите видови месо – од пилешко, свинско, мисиркино…

Што за оваа мерка мислат граганите?

Скепсата на граганите е очекувана бидејки во изминатите години цените на основните производи на пазарот се држеа со владини одлуки, беа непазарни а трговците речиси секогаш наогаа начин да се извлечат.

Новата надеж и ветување дека нема да купуваме артикли кои се по цени мегу највисоките во Европа сега е Законот за нефер трговски практики кој е во собраниска процедура.

Но, овој закон е нива приказна која ке зашоне 6 месеци од неговото донесување. За тој период сите инвилвирани во формираето на крајната цена мегусебе треба да склучат договори а трговската маржа не смее да биде поголема од 10%.

Во меѓувреме, цените се оставени на трговците а граѓаните велат дека намалување на цените нема, напрптив, има зголемување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...