HomeМакедонијаВелковски: По 5.000 денари линеарно зголемување ќе добијат пензионерите ако ВМРО –...

Велковски: По 5.000 денари линеарно зголемување ќе добијат пензионерите ако ВМРО – ДПМНЕ дојде на власт

Published on

По 5.000 денари линеарно покачување на пензиите ќе добијат пензионерите доколку ВМРО – ДПМНЕ дојде на власт, истакна министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

Остануваме на ветувањето дека со следната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пензионерите ќе добијат 5.000 денари линеарно покачување. Средства ќе се најдат. Буџетот е како сопствениот буџет дома во семејството, ако треба за нешто да се даде допринос, да се интервенира, во тој случај си правиш добар план, заштедуваш и ги насочуваш парите таму каде што треба, вели техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

Тој уште еднаш го истакна фактот дека моменталното покачување од 5% како што го нарекува власта, е само статистичко порамнување на пензиите и овде политичарите треба да бидат искрени без да ги лажат пензионерите.

„Тоа статистичко порамнување знаеме дека денеска инфлацијата во Македонија статистички покажува дека е 14% официјално, меѓутоа реално гледаме дека е многу многу повеќе и допрва расте, додава Велковски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...