Во тек е партерното уредување на влезовите пред зградите на улица Христијан Карпош во Штип, во близина на СВР Штип, како и на тротоарските површини. Градоначалникот Јорданов најави нов бесплатен паркинг простор наменет за жителите од овие згради и околните институции.
Потребата за овој паркинг простор во значаен дел од централното градско подрачје е голема, изјави Јорданов.
Инестицијата за овие павер елементи е околу 1 милион денари, а во наредните денови градоначалникот Јорданов најави дека се продолжува со уредување на улици од населбите 8ми Ноември и Сењак.