HomeМакедонијаУлтимативно овчеполските земјоделци побараа средба со министерот за земјоделие  до утре, до...

Ултимативно овчеполските земјоделци побараа средба со министерот за земјоделие  до утре, до 14 часот. Тој во Свети Николе ќе се појави во 11.00

Published on

Ултимативен рок до утре, до 14 часот, им дадоа земјоделците од Овчеполието на одговорните од Министерството за земјоделие,да дојдат и да го решат пороблемот со непродолжените договори за користење на државно земјоделско земјиште.

Од Кабинетот на Министерот за земјоделие Љупчо Николовски, имаат објаснување зошто овие договори не се продолжени, и како проблемот ќе се надмине.

Како Министерство излеговме во пресрет на земјоделците и на 13 февруари Владата усвои  измена на Уредба на директни плаќања, што подразбира тие да имаат право на субвенции во месеците на Изборен процес. Остана само техничка измена во Законот за земјоделско земјиште,кое по итна постапка се ноаѓа во Собранието и со која земјоделците што имаат истечен договор да не бидат бришани од ЕРЗС системот. За жал, овие измени ги блокираат пратениците од опозицијата,стои во дописот од Министерството за земјоделие.

Без оглед на ова, министерот Николовски ќе одговори на повикот на земјоделците и со нив на средба ќе се појави уште во 11 часот,потврдија од Кабинетот.

Доколку ветувањата останат празни и од земјоделие не се појават, во четвртток Свети Николе ќе биде блокирано од сите страни.

Најавата за блокади доага по синоќешниот работен состанок на Здружениот Овчеполски фармер. Со проблемот во моментот се засегнати 88 земјоделци,а вкупно 520 имаат склучено договори со државата за користење на државно земјиште.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...